Дербито на колото за охриѓани
Во тешка и цврста борба, „Рибарите“ успеаа да го совладаат лидерот на табелата Миравци со минимални 1:0. ФК Охрид како домаќин натпреварот го играше во Струга поради реконструкција на СРЦ Билјанини извори. Почетната иницијатива на охриѓани беше крунисана со досудениот пенал во средината на првото полувреме. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше голманот Карамачоски. Во останатиот дел од натпреварот, домаќините ја препуштија иницијативата на гостите и преку контранапади се обидоа неколку пати да го загрозат нивниот гол.
Трите бода се уште позначајни ако се има во вид дека кај „Белите“ поради повреди и жолти картони отсуствуваа стандардните Гредоски, Вељаноски, Д.Клечакороски и Нически. Оваа победа го искачи ФК Охрид на делба на првото место и го остава во борба за едно од местата кои водат во 1 МФЛ.