ФК Охрид го совлада струшки Влазними во тежок и неизвесен натпревар. Рекордната посетеност (околу 2000 гледачи) и одличната поддршка од публиката што ја имаа „Рибарите“ ги понесе кон целосен пресврт откако во првото полувреме резултатот беше 0:1. Јунак на натпреварот беше Нически кој со двата погодоци донесе огромна радост на домаќините.
Костенчев го уништи езерското дерби
Пресврт, два црвени картони, набој, неизвеснот од се' по нешто имаше на езерската пресметката одиграна пред две илјади гледачи, која мина во очајна арбитража на скопјанецот Костенчев.
Домаќините беа тие кои први се закана, но гостите на голот го имаа расположениот Мерко, кој бранеше се што дојде до неговиот гол. Успешно ги скроти ударите на Клечкароски, еднаш очи во очи , еднаш од слободен удар, а во моментите на неговата немоќ го спаси гредата.
По половина час игра, проигрување до Китрозоски кој избива сам пред Мерко, последниот играч на гостите Танкоски, прави "случаен" прекршок за кој поминува само со жолт картон.
Госитите кои со конкретна цел беа, додјени во Охрид, да не загубат ги користеа сите елемените на фудбалската игра за да си заминат не поразаени. По секој прекршок, лежеа на тревата, се превиткуваа, а сето тоа минуваше под толеранцијата на главниот судија Костенчев, кој беше најслабиот поединец на ова дерби.
Дека знаат да играат фудбал "патриоити" покажаа во 40 минута кога Селими од навидум безопасна ситуација со удар од далечина го матираше Карамачоски, кој лошо го процена летот на топката која заврши во неговата мрежа.
Паузата беше добредојдена за домаќините , кои по негативата од првиот дел фрлија се на една карта, Откако виде дека младите не може да го понесат товарот, конците во свои раце ги превзеде ветеранот Нически.
Тој постојано беше нерешлива енигма, за гостинската одбрана. Во 56 минута по комбинацијата на Ѓорески и Нически, овај бие , топката кон патот за голот со рака ја запира Танкоски , но судијата бара играта да продолжи.
Неколку минути подоцна истата комбинација ја повторија охридските фудбалери, но овај пат Нически со удар по земја го совладува до тогаш сигурниот Мерко.
Голот дополнително ја разогре играта на теренот и на трибините, каде свое шоу имаа навичките групи на двата тима. Продолжија да летат искри на теренот, а изгубениот Костенчев само долеваше масло на огнот, со одлуки кои ги иритираа двата табора.
На десетина минути пред крајот Атај избегна една офсајд замка, изби сам пред Карамачоски и место да го совлада, тој го проигра ново влезениот Џила, а за вториот помошник Миланова, тоа беше недозволена позиција.
Неколку минути подоцна , експлозија на "Билјанини Извори". Клечкароски прифати долга топка, која му ја сервираше на Нически кој од непосредна близина по втор пат го матираше Мерко.
Гостите бурно реагираа на овај погодок, сметајќи дека асистентот на погодокот Клечкароски, бил во недозволена позиција. Комплетната екипа на Влазними се нафрли на првиот помошник Николов, и во таа сета мешаница беше доведена регулраноста на мечот. Не помина добро ниту главниот судија Костенцев кој се задоволи само со жолт картон за голманот Мерко. По аситенцијата на помошникот, во соблекувалната испратен беше Селими.
Тензијата висеше во воздух, а судијата во желба да компензира во 84 минута поради приговор го исклучи јунакот на средбата Нически.
Езерското дерби во целост ги оправда очекувањата, штета што натпреварот кој беше прогласен во натпревар од висок ризик му беше доделен на Костенчев кој дефинитивно немаше свој ден во Охрид.
М.П.
http://ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=7&id=24525