ФК Тетекс - ФК ОХРИД 1:1 (0:0)
Градски стадион Тетово
Стрелци: Исник Алими (о) 64', Александар Урошевиќ (т) 86'

Исник Алими го доведе новиот прволигаш Охрид 2004 во водство, а Александар Урошевиќ ги постави конечните 1:1 на градскиот стадион во Тетово. Реален резултат по жешкото време и при лошата и неубедлива игра на двете екипи.
Првото полувреме изобилуваше со слаба игра од двата тима. И „штофарите" и „рибарите" играа доста претпазливо и повеќе внимаваа на сопствениот отколку на противничкиот гол. Во 16-тата минута играчот на Охрид, Кристијан Далчевски заработи повреда по што беше заменет од најдобриот стрелец на гостинската екипа во минатата сезона Игор Клечкаровски.
Во второто полувреме и двете екипи како да почуствуваа дека можат да дојдат до полн плен со оглед на прикажаното на противникот, па малку ја отворија својата игра и натпреварот доби на динамика.
Во 63-тата минута гостите од Охрид преку Клечкаровски ја погодија стативата од голот на домаќинот.
3 минути подоцна стигна вистински шок за домаќините. Катастрофална грешка на голманот Павловиќ, кого го прескокна нафрлената топка на Охрид, по што на Исник Алими не му беше тешко да ја погоди празната мрежа на Тетекс .
Тренерот Сетинов веднаш реагираше и ја промени тактичката поставеност на својата екипа од 4-4-2 во 3-4-3, уфрлајќи го во игра Александар Урошевиќ на местото на индиспонираниот Бурхан Алију.
Токму Урошевиќ беше играчот кој почна да прави проблеми на солидната одбрана на Охрид. Во 77-та минута Иловски блокираше удар на младиот напаѓач на Тетекс кон празната мрежа на истрчаниот Костуранов.
Сепак Урошевиќ не дозволи да биде запишан како трагичар, па во 83-та минута одлично биеше со глава по нафрлената топка на Николовски во небранетиот десен агол од голот на Охрид 2004 за 1:1, што се покажа и како конечен исход на претпоследниот натпревар од второто коло на Македонското фудбалско првенство.
Тетекс треба да жали што не успеа да освои три бода иако ја имаше улогата на фаворит. На тетовчани не им помогнаа ниту новите засилувања Секуловски, Идризи, Клечкаровски и Ристовски. Екипата на Сетинов немаше храброст рано во натпреварот одважно да тргне по гол, што подоцна го искористија младите фудбалери на Охрид 2004 кои имаат право да бидат задоволни од освоениот бод.
Натпреварот на моменти беше и прегруб, за што показател се деветте жолти картони кои судијата Стојанов ги додели на двата тима.
Тетекс следната недела игра на гости против Хоризонт Турново, а Охрид 2004 го пречекува Силекс.
Даниел Евросимоски
ИЗВОР: http://sportefe.com/1mfl/prvi-bodovi-za-teteks-i-ohrid