ОХРИД - Силекс 2:0 (0:0)
Стадион: СРЦ Билјанини извори - Охрид
Гледачи: 2000
Стрелци: Клечкароски 90', Алими 90'+
ФК Охрид: Карамачоски, Велески, Ѓорески, Иловски (80' Бошковски), Белица, Џалески, Брадоњиќ, Димоски (75' Китрозоски), Клечкароски, Митрески, Каланоски (46' Алими).
ФК Силекс: Божиновски, Костадиновски, Стојановски, Заревски, Мишковски, Бајиќ, Лампевски, Јовановиќ (67' Миневски), Стојановски, Темелков, Нацев (46' Атлески).

Охрид на премиерниот натпревар пред своите навивачи го совлада Силекс со 2-0. Творци на победата беа Клечкароски и Алими со голови во финишот на мечот.
Охридските бели долго се мачеа да го скршат отпорот на добро организираниот тим на Силекс кој беше на прагот на реми во Охрид.
Решени да стигнат до победа нападнаа уште на стартот но ударите на Каланоски и Клечакароски не ја погодија целта. Гостите беа инфериони, а единствените можности ги имаа од прекин.
Топлото време не им дозволи на фудбалерите да се разиграат, па судијата Ставрев се одлучи да им додели минута одмор.
Сликата не се промена многу во вториот дел се до еден час игра кога прво Клечкароски не реализираше стонастона шанса по додавање на Димоски, потоа Димоски се најде во изгледна можност но расчисти гостинската одбрана, а неколку минути подоцна Митрески од работ на казнетиот простор упати вистинска бомба, но Божиноски го скроти и тој удар.
Гостите кои повеќе мислеа на својот отколку на гостинскиот гол, ќе жалат што го напуштаат Охрид со празни раце. Во последната минута од регуларните 90, Алими изнуди прекршок во опасната зона.
Експлозија на трибините на стадионот “Атина Бојаџи“ по европогодокот на Клечкароски во горниот лев агол. По голот гостите се распаднаа, а победата ја потврди Алими кој натрча на одбиената топка по ударот на Митрески.
Во наредната рунда “рибарите“ гостуваат во Штип кај Брегалница.
М.П.
ИЗВОР: http://ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=7&id=33605