„Рибарите“ прокнижија нови вредни 3 бода на гостувањето во Новаци. Творци на втората победа на гостински терен се голманот Карамачоски кој остана одбрани удар од белата точка и И.Клечакорски кој со двата постигнати гола стана прв стрелец на „Белите“ оваа сезона. ФК Охрид моментално е на втората позиција во 2МФЛ и останува во борба за едно од местата кои водат во највисок ранг.
Дербито на колото за охриѓани Во тешка и цврста борба, „Рибарите“ успеаа да го совладаат лидерот на табелата Миравци со минимални 1:0. ФК Охрид како домаќин натпреварот го играше во Струга поради реконструкција на СРЦ Билјанини извори. Почетната иницијатива на охриѓани беше крунисана со досудениот пенал во средината на првото полувреме. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше голманот Карамачоски. Во останатиот дел од натпреварот, домаќините ја препуштија иницијативата на гостите и преку контранапади се обидоа неколку пати да го загрозат нивниот гол. Трите бода се уште позначајни ако се има во вид дека кај „Белите“ поради повреди и жолти картони отсуствуваа стандардните Гредоски, Вељаноски, Д.Клечакороски и Нически. Оваа победа го искачи ФК Охрид на делба на првото место и го остава во борба за едно од местата кои водат во 1 МФЛ.
ФК Охрид го совлада струшки Влазними во тежок и неизвесен натпревар. Рекордната посетеност (околу 2000 гледачи) и одличната поддршка од публиката што ја имаа „Рибарите“ ги понесе кон целосен пресврт откако во првото полувреме резултатот беше 0:1. Јунак на натпреварот беше Нически кој со двата погодоци донесе огромна радост на домаќините.
ФК Охрид лесно стигна до нови три бода на домашен терен против кичевски Влазерими. Охриѓани, уште од самиот почеток на натпреварот жестоко нападнаа на противничкиот гол и добрата игра ја крунисаа со погодок во 14 минута од страна на Нически. После неколкуте неискористени шанси во првото полувреме, на одмор се отиде со предност од само еден гол. Во второто полувреме „рибарите“ продолжија со добра игра и напади кон противничкиот гол. Во 66 мунута, после добро нафрлената топка од страна на Бакулески, капитенот Клечкароски го постигна вториот гол за Охрид со што се постави конечниот резултат на овој натпревар. „Белите“, кои во меѓувреме ги направија трите замени, натпреварот го завршија со десет играчи откако во 75 минута, после тешката повреда на раката, фудбалерот Гредоски беше изнесен од теренот со амбулантно возило. Оваа повреда ќе го оддалечи младиот дефанзивец од теренот 4-6 недели.
18.08.2010 ФК Охрид беше минимално поразен од ФК Силекс во 1/16 финалето од националниот куп со 0:1. Гостите го добија натпреварот со гол постигнат од корнер во првото полувреме. „Белите“ не успеаа да изедначат иако постојано имаа иницијатива и вршеа притисок на противничкиот гол. Со овој пораз „Рибарите“ се простија од понатамошното натпреварување во националниот куп.