22.08.2010
“Рибарите“ не пијат млеко
Охридските рибари со цел плен се враќаат од гостувањето во Скопје, кај новајлијата во лигата Еуромилк. За втора победа во низа се погрижи капитенот Клечкароски кој стрелаше прецизно од слободен удар во 23 минута.
- Одигравме одличен натпревар, момците се покажаа во одлично издание. Створивме серија прилики, но реализиравме само една - рече по завршувањето на мечот стратегот на белите Зоран Ѓорески - Џајо.
Капитенот Клечкароски кој пред две сезони беше најдобар стрелец во второлигашкото друштво, за прв пат сезонава ја погоди противничката мрежа. Охриѓани по овај триумф се искачија на четвртото место на табелата.
М.П
http://ohridnews.com/index.php?mod=2&id=23815