После денешнага победа, ФК Охрид останува со максимален учинок и со само еден примен гол на домашен терен. Околу 1000 гледачи на Билјанини се радуваа на погодокот на Бакулески во 83 минута по одличната асистенција на Нически. Беласица се бранеше целиот натпревар и се обидуваше на тој начин да дојде до бод. Во идеални услови за игра и добра фудбалска претстава домаќините на крајот заслужено ги освоија трите бода.
„Рибарите“ прокнижија нови вредни 3 бода на гостувањето во Новаци. Творци на втората победа на гостински терен се голманот Карамачоски кој остана одбрани удар од белата точка и И.Клечакорски кој со двата постигнати гола стана прв стрелец на „Белите“ оваа сезона. ФК Охрид моментално е на втората позиција во 2МФЛ и останува во борба за едно од местата кои водат во највисок ранг.
Дербито на колото за охриѓани Во тешка и цврста борба, „Рибарите“ успеаа да го совладаат лидерот на табелата Миравци со минимални 1:0. ФК Охрид како домаќин натпреварот го играше во Струга поради реконструкција на СРЦ Билјанини извори. Почетната иницијатива на охриѓани беше крунисана со досудениот пенал во средината на првото полувреме. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше голманот Карамачоски. Во останатиот дел од натпреварот, домаќините ја препуштија иницијативата на гостите и преку контранапади се обидоа неколку пати да го загрозат нивниот гол. Трите бода се уште позначајни ако се има во вид дека кај „Белите“ поради повреди и жолти картони отсуствуваа стандардните Гредоски, Вељаноски, Д.Клечакороски и Нически. Оваа победа го искачи ФК Охрид на делба на првото место и го остава во борба за едно од местата кои водат во 1 МФЛ.
ФК Охрид го совлада струшки Влазними во тежок и неизвесен натпревар. Рекордната посетеност (околу 2000 гледачи) и одличната поддршка од публиката што ја имаа „Рибарите“ ги понесе кон целосен пресврт откако во првото полувреме резултатот беше 0:1. Јунак на натпреварот беше Нически кој со двата погодоци донесе огромна радост на домаќините.